Klimata vo Južna Amerika (makedonski) 
Vrsta: Seminarski | Broj strana: 8 | Nivo: PMF

Универзитет Св. „Кирил и Методиј“ Скопје
Семинарска работа по предметот:
На тема:
Климата во Јужна Америка
Ментор: Изработил:
Проф. Др. Mihajlo Zikov Trajkovska Renata
Скопје, 2005 година
Вовед
Континентот Јужна Америка се протега од 10ºN до 55ºS географска ширина и изнесува 7500 километри. Најголемата ширина од околу 5000 има долж напоредникот на 5ºS географска ширина.
Најзначајна топографска карактеристика на Јужна Америка е високиот непрекинат ланец од Андите кој се протега од Венецуела на север до `ртот Хорн на крајот од југот. Овој планински масив чии врвови достигнуваат 6000-7000 метри се протега долж западниот брег и достигнува ширина до 500 километри.
Друга планинска област се Бразилските планини кои се наоѓаат на југо-источниот дел од Бразил а во однос со Андите се неспоредливо мали по површина и во висина на врвовите – до 3000 метри. Уште помала планинска област е онаа што го зафаќа северниот дел на Бразил, јужниот дел од Венецуела и дел од Гвинеја. Помеѓу овие три главни планински области се наоѓаат низините на Аргентина, Уругвај, Парагвај и Бразил, а низ нив течат двата најголеми речни слива на Јужна Америка: Амазон и Ла Плата. Океанските струи имаат големо влијание на климата на Јужна Америка. Од нив најголемо значење имаат: топлата бразилска струја која тече па должината на источниот брег кон југ и ладната перуанска стуја која тече долж западниот брег кон север.
Атланската екваторска и Пацифичката екваторска струја доминираат во океанската циркулација во малите ширини. Во горните ширини тече фалкландска струја која е нешто поладна од перуанската струја.
Воздушни маси и фронтови
Над Јужна Америка главно се наоѓаат три типа воздушни маси и тоа: тропска маритивна, континентална и умерено-ширинска маритимна воздушна маса. Сите овии типови се карактеризираат со висока влажност и умерено висока температура, особено во приземјето. Јужно од екваторот помеѓу воздухот од Пацификот и воздухот од Атлантикот постои температурна разлика. Меѓутоа (mT) воздушните маси се доста хомогени во најниските слоеви.
Тропскиот континентален воздух се јавува над континентот во потоплата половина од годината, во појасот помеѓу 30ºS и 40ºS географска ширина како резултат на големото загревање. Тој е топол и сув воздух и конвективно нестабилен. Оваа воздушна маса ретко се појавува над Јужноамериканскиот континент во текот на зимата. Подрачјето на океанот од 40ºS географска ширина па до областа на Атлантикот преставува изворна област на умереноширинските маритивни воздушни маси. Оваа воздушна маса ги зафаќа јужните делови од Јужна Америка а повремено продира и на север. При ова многу јасно се установува топографската улога на времето и климата на Јужна Америка која може да помогне во одредување на траекторијата на ладниот умерено-ширински маритивен воздух кој се преместува од југ кон север. Овие продори на ладен воздух се одвиваат во три правци:

---------- OSTATAK TEKSTA NIJE PRIKAZAN. CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU. ---------- 

www.maturskiradovi.net 

 

MOŽETE NAS KONTAKTIRATI NA E-MAIL: maturskiradovi.net@gmail.com

 

 

besplatniseminarski.net Besplatni seminarski Maturski Diplomski Maturalni SEMINARSKI RAD , seminarski radovi download, seminarski rad besplatno, www.besplatniseminarski.net, Samo besplatni seminarski radovi, Seminarski rad bez placanja, naknada, sms-a, uslovljavanja.. proverite!